Како чествување на на големиот празник Св. Кирил и Методиј и оваа година традиционално веќе третпат се одржа Меѓународниот Поетски Фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Дводневната манифестација ги угости 12те финалисти кои влегоа во потесен круг од пристинати 125 поеми на фестивалот меѓу кои: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китановска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова, Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

Третиот фестивал ја донесе наградата „Гран-При“ на Слаѓана Ставрева од Скопје. Надица Тренчева од Кавадарци како добитничка на првото место, второто место Митре Мангоски Радождански од Охрид, додека третото му пропадна на Митко Гогов од Струмица. Најдобар странски автор оваа година е Вања Савова од Бугарија, а наградата за најдобра млада искра ја понесе Невриј Адеми од Гостивар.

80 најдобри творби од 8 земји кои конкурираа на фестивалот се застапени во поетската збирка „Литературни искри 2016“.

.1.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДенот и ноќта во еден град
Следна објаваНајубавите села низ светот (2. дел)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ