Уште неколку денови и службено влегуваме во пролетната сезона. Со потоплото време ќе ја симнеме од нас непотребната слоевита облека, дебелите волнени капи и шалови, кои ќе ги наредиме длабоко во гардероберот и вртиме нов моден лист.

Како на време да набавите едноставни модни парчиња кои се тренд за сезоната пред нас? Одбравме за вас модели од  5 трендови, кои ќе се вклопат во секој стил.

ПРОЛЕТЕН КАПУТ

Без разлика на сонцето и потоплото време, пролетта често знае да биде дождлива и со ветер, заради тоа секогаш со нас мораме да носиме јакна, балонер или лесен капут. Одберете модел на капут, кој најмногу и одговара на вашата фигура, а за бојата, одлучете се за некоја пастелна!

kaput

ПАНТОЛОНИ

Еден од најголемите трендови за пролетната сезона се 3/4 пантолони – идеални за потопло време кои лесно се стилизираат. Со чевли до глужд или секси штикли, лесно се претвораат од дневена во вечерна гардероба.

hlace

НОВО ПЛЕТИВО

Полуверите се секогаш добра идеја! Само за пролетната сезона изберете полесни и проsирни, вашата кожа да дише на поголемите температури. Со нежни пастелни бои, никогаш не можете да погрешите.

pletivo

ЗДОЛНИШТЕ СО ИЗРЕЗ

Секоја сезона еден модел на здолниште, посебно се истакнува. Во сезоната зад нас тоа беше миди – молив здолништето. За оваа пролет тоа се здолништата со изрези, кои се доволно секси, да со нив покажете малку повеќе кожа, но и да останете доволно таинствени.

suknja

ПРЕКРАСНА КОШУЛА

Никогаш доста од кошули! Кошулата е она клучно парче од облеката, која секогаш можете да ја извадите од гардероберот токму кога “немате што да облечете”.

kosulja

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрирода во Вашата канцеларија
Следна објаваРачно изработени бележници за книга
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ