Giorgio Armani и германскиот фотограф Peter Lindbergh, повторно соработуваат на новата “New Normal” кампања за пролет/лето 2016.

2-40

Наместо изгледите од неговата пролетна ревија, Armani ги нагласува класичните изгледи, создадени за секојдневниот живот. Фотографиите се снимени во Париз, а на црно белите фотографии се најдоа четрите икони – модели од 90-те, Nadјa Auermann, Yasmin Le Bon, Stella Tennant и Eva Herzigova. Сите изгледаат совршено природно, во релаксирана облека, лежерни мајци и пантолони.

4-32

За кампањата Armani кажа – “За оваа кампања барав 4 жени – икони, со силни карактеристики, кои би покажале дека женската убавина е безвременска. Го одбрав Peter Lindbergh со кој соработував неколку пати, затоа што неговите фотографии се вечни и реални. Сакав да го покажам значењето на реалноста, облеката која нуди елеганција и нормалитет во секојдневниот живот”.

5-24

6-223-34

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделна програма во Јавна соба
Следна објаваЛуксузен и елегантен, со дизајнерски елементи стан во Лондон!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ