Jimmy Choo ја лансираше прекрасната колекција на чевли за невести!

Jimmy Choo ја лансираше прекрасната колекција на чевли за невести!

 

Еден од најпознатите светски брендови во светот за чевли и аксесоари Jimmy Choo, неодамна ја лансираше новата Bridal 2016 колекција и резултатот е совршен. Од украсените балетанки се до класичните салонки и летни сандали, Jimmy Choo не штедел на опциите за своите невести. Чевлите украсени со апликации од Swarovski кристали, тантели и бисери, изгледаат прекрасно – во нив, сјај  и раскош нема да ви недостасува на вашиот голем ден!

Jimmy Choo исто така нуди интересна опција на изработка на чевли по мерка, на кои може да се вреже вашето име како и на партнерот, иницијали или пак датумот на вашата свадба!

Цените засега не се познати, но моделите слободно погледнете ги во нашата галерија!

3-28

7-11

2-34 8-11 6-17 5-20 1-51 9-9 10-6

4-26

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИлустрации на девојки во секојдневни ситуации
Следна објаваМолитва за еден обичен, но уште непронајден збор
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ