horoskop-mart-631x330ОВЕН

Љубов – Одлична хармонија, кога се работи за љубовта. Ви се чини дека сите погледи се упатени кон вас. Со задоволство ќе се дружите и покажувате пред другите. Тие кои се во врска, ќе бидат многу расположени за нежност. Ви претсои заедничко патување.

Работа – Од висините, оваа недела полека ќе се спуштате на земја. Помалку ќе сонувате а се повеќе ќе се зафатите со реална работа, во која лесно ќе се снајдете. Ќе работите совесно и добро а на работното место ќе владее ред и дисциплина.

Здравје – Бидете искрени кон себе.

БИК

Љубов – Поголемиот дел од неделава, ќе го поминувате во интересно друштво кое навистина ќе ве освежи. Грижите и пречките од другите подрачја на животот лесно ќе ги надминете со хуморот и веселото дружење. Тие кои се уште се сами, ќе бидат отворени за нови луѓе, кои лесно ќе ги прифатат.

Работа – Како што одминува неделата, ќе ви станува се појасно, дека ова што го работите сега, има поголемо значение отколку што сте мислеле на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите повеќе. Вакви прилики не се случуваат често,  така да штета би било, да не ја искористите.

Здравје – Не трошете ја силата.

БЛИЗНАЦИ

Љубов – Нешто од минатото ве мачи, но за тоа со никого не сакате да разговарате. Можеби ќе имате тајна средба. Оваа средба ќе ви ги даде одговорите. Вреди ли и понатаму да се борите за поранешниот партнер или не. Ќе бидете поканети во друштво од личност родена во  воден знак,  рак, риба или шкорпија. Уживајте.

Работа – Решете и договорете се со себе си, што навистина сакате. Седејќи на две столици, ке останете без ниедна. Добар совет или помош од било каков вид, ќе имате само од блиски женски личности. Додека со колегите од машкиот пол, потребна ви е мудрост и трпение, без кавги и постојано инсистирање.

Здравје – Позитивно размислувате и автоматски подобро се чувствувате.

РАК

Љубов – Пред крајот на неделава ќе се посветите на љубовта. До тогаш, ќе се занимавате со деловните ппроблеми. Партнерот едвај дочека, малку повеќе да му се посветите. Заедно ќе уживате.

Работа – Иако се уште празниците се во тек, вие сте потполно посветени на својата работа. Не сте премногу задоволни со некои случувања, па затоа вложувате максимални напори, како би ја подобриле ситуацијата.

Здравје – На почетокот на оваа недела, внимавајте на бешиката и репродуктивните органи. Но како што времето минува ќе ви биде подобро.

ЛАВ

Љубов – Имате многу прилики за флерт, но се уште не сте ја сретнале личноста која вам ви одговара.

Се занимавате со нови контакти…. се додека не се појави личноста која ќе ве освои- тотално!

Работа – Блиску соработувате со личност која претставува силен авторитет, која постојано ви помага на работа. Сега е вистинско време да почнете да учите од таа успешна личност.

Здравје – Генерално, вие сте витални и со добро здравје. Вашиот организам има способност да се регенерира во наредниот период.

ДЕВИЦА

Љубов – На емотивен план се е стабилно. Комуникацијата со саканата личност се сосема солидна и двајцата знете дека можете да се потпрете еден на друг, без разлика ситуацијата во која се наоѓате.

Работа – Нервозни сте заради комуникацијата со колегите, кои се премногу нападни во своите очекувања кои ги имаат од вас. Обидете се да ги ограничите вашите обврски и да им дадете до знаење кои се нивните.

Здравје – Можни се мали проблеми заради стрес. Многу сте напнати цела недела. што секако влиае на вашиот организам.

ВАГА

Љубов – Се наоѓате во фаза на богата семејна хармонија. Како да нема да има значајно случување, во кое нема да го вклучите  своето семејство. Кај некои тоа ќе биде и поголемо фамилијарно дружење. Тие кои се во врска, ќе гледаат како партнерот да го претстават пред фамилијата.

Работа – Ќе бидете во ситуација во која треба нешто да жртвувате или во некоја борба за ангажман, за кој не сте сигурни дали вреди целиот труд. Затоа, прашајте се за своите критериуми и својата цел. Се зависи од тоа што навистина сакате.

Здравје – Занимавајте се со спорт.

ШКОРПИЈА

Љубов – Партенерот има замерки дека не сте му доволно посветени, иако во предходниот период му ветивте дека ќе биде поинаку. При крајот од неделата ситуацијата се менува на добро, во полето на емоциите а вие ќе бидете релаксирани.

Работа – Влегувате во вербални конфликти на работа, и на некој начин ги повредувате тие кои се под вас во хиерархијата. Внимавајте на однесувањето доколку не сакате да се замерите со погрешна личност.

Здравје – Мали проблеми со главоболка како и со зголемен притисок.

СТРЕЛЕЦ

Љубов – Можете да очекувате средба со повозрасна личност од вас, во случај да сте слободни. Многу лесно привлекувате внимание , но за сега не ве интересираат минливи приказни.

работа – Не сте многи оптеретени со работа во оваа недела, можеби ќе земете неколку слободни денови. Било како,мјасно е дека сега работа не ве интересира и  или пак сте на одмор. Потполно сте растеретени.

Здравје – Мали пробелемо со несоница.

ЈАРЕЦ

Љубов – Личноста која веќе долго време ја набљудувате, ги игнорира вашите сигнали, а тоа е знак дека не е за вас. Таа личност е зафатена и е во хармонија со својот партнер, а вие само си го губите времето и пријателството.
Работа – Работите кои зависат од вас, ги завршувате беспрекорно.  Но, не можете да влијаете на некои работи кои не се под ваша ингеренција, па подобро е околу тоа да не се нервирате премногу. Не кревајте тензија.

Здравје – Мали проблеми со низок притисок

ВОДОЛИЈА

Љубов – Интересни случување ве очекуваат доколку сте зафатени. Можете да очекувате со саканата личност сем љубовната врска, да развиете и пријателска врска, така да заеднички ќе уживате во некои авантури.

Работа – Можни се мали недоразбирања со авторитетите на работа. Ќе кажете тешки зборови затоа што мислите дека сте во право. Ќе помине тој конфилкт без последици за вас, а колегите ќе бидат изненадени, колку среќа всушност имате.

Здравје – Проблеми со сува кожа.

РИБИ

Љубов – Интересно познанство со личност, која во контактите со вас е премногу официјална за ваш вкус, но сепак ви се допаѓа. Смислувате начин како да и ги покажете вашите симпатии.

Работа – Полека излегувате од финансиските кризи во кои западнавте. На вас сега е редот да се обидете, подобро да се организирате, како во иднина не би ги направиле истите грешки. Генерално, поволен период.

Здравје – Кон крајот на неделат доаѓа до подобрување на здрајето и имунитетот

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто треба да се јаде зачината храна?
Следна објаваЛапис лазули?️Кралот на скапоцените камења
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ