Познатиот италијански бренд Max Mara во моментов ги доживува своите најсветли моменти со својата најнова колекција за сезоната есен-зима 2016 година каде што најповеќе е застапен т.н. “урбан-шик” моден стил. Креативниот директор на компанијата Ian Grifits се потруди оваа нова колекција да ја прилагоди на помладата популација. Извор за инспирација му е модата која е присутна по Њујоршките улици. Лесни и сјајни материјали и софистицирана палета на есенски бои ја обележаа најновта модна колекција на Max Mara. Заштитен знак се долгите капути и тоа највеќе во браон бои. Материјалите прават импресивни контрасти со овие капути во сите нијанси на земјени бои. “Панк-рок” стилот адекватно си го наоѓа своето место помеѓу аксесоарите во оваа модна линија. Тука се најзастапени нараквиците со нитни кои пак се комбинираат со мрежасти ткаенини. Ian се фокусира на една интересна комбинација “Mix-Match”, со што успеа да создаде една високо софистицирана и во истовреме и многу провокативна колекција. Секако тука не треба да се заборават едни од главните трендови во оваа колекција како што се плисираните сукњи и Palazzo панталоните. Колекцијата ја претставува модерната и независна жена. Ви претставуваме дел од оваа колеција. Погледнете!453

CWTq_lwXAAEGGxt

A2X0229

d3827a3e736989ebc8114545e360e5ab

MAX MARA PRE FALL 2015 NEW YORK, 01/08/15

MAX MARA PRE FALL 2015 NEW YORK, 01/08/15

MAX MARA PRE FALL 2015 NEW YORK, 01/08/15

MAX MARA PRE FALL 2015 NEW YORK, 01/08/15

 

max-mara-pre-fall-2016-lookbook-19

Max_Mara_pre_fall_2016_collection2-480x620

max-mara-pre-fall-2016-lookbook-08

НЕМА КОМЕНТАРИ