За сите љубители на модата и модната фотографија неодамна беше реиздадена и пуштена во продажба една од најбараните “модни библии” напишана од страна на долгогодишната главна уредничка на магазинот Vogue, Grace Coddington. Првото издание: “Grace-Thirty years of Fashion at Vogue” беше отпечатено во само пет илјади примероци кои за брзо време беа продадени, а денеска на интернет истите достигнуваат колекционерски цени и до 10.000$. Новото издание на оваа модна книга се продава по многу прифатлива цена од само 100$. Предговорот на книгата е напишан од страна  на познатиот дизајнер Karl Lagerfield, додека  во самата книга се опишани и вистински случки од страна на познатите имиња од модниот свет како што се; Naomi Campbell, Jerry Hall, linda Evangelista и мн. други. На повеќе од 4000 страници книгата крие во себе мноштво фотографии кои на волшебен начин ги прикажуваат модните збиднувања во периодот од 1972-2002 година. Книгата ќе излезе пред Божиќ а се надеваме дека ќе ја пристигне и кај нас во скоро време.1352322840-grace031211

profimedia-0267076200-790x527

20120430-164919

profimedia-0267076284-790x527

НЕМА КОМЕНТАРИ