12087027_592420037563420_413724256434912208_oОчилата за сонце се моден додаток кој ве диференцира од мноштвото, прават да изгледате таинствено, заводливо и модерно. Пишуваме за очила за сонце пред зима, меѓутоа очилата со кои сакаме да ве запознаеме се толку добри, што за нив навистина нема зима, тие ce “pour quatre saisons” – очила.12074796_591501947655229_6862057502509019290_n

Pray Eyewear e бренд кој ни доаѓа од соседна Србија, бренд на рачно изработени очила за сонце од најфиното дрво. Покрај кул дрвените рамки, Pray eyewear имаат и високо квалитетни поларизирани стакла, кои ви даваат еден нов, поинаков поглед на светот. Ви даваат можност да погледнете низ природата, да ги впиете сончевите зраци на еден поинаков начин. Самата идеја за создавање на ваков производ е нераскинливата врска помеѓу човекот и природата, а самиот слоган на брендот #seethroughnature се однесува на мотивот дека природата е составен дел од духовниот идентитет.

10574358_595910263881064_541564751024527167_n

Wonderlust (www.facebook.com/wonderlusto) се ексклузивни застапници на овој бренд во Македонија, а од тоа што го слушнавме, во иднина не очекуваат уште многу пријатни изненадувања од нив. Момeнтално можетe да ги најдете во модното студио на Јована Филиповиќ и оптика Filos Fashion. А вие почнете да ги следите и во меѓувреме останете уникатни, какви што веруваме дека сте.

12108211_589070097898414_9108043756299553917_n11722636_563559653782792_5269947354988519795_o11896041_571396742999083_7797628364604367973_nIMG_1435

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба „Импресии„ на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов во АРТЕ Галерија
Следна објаваChanel | Празнична колекција на шминка
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ