horoskop-mart-631x330ОВЕН

Работа – Од кога ќе го анализирате постигнатото, ќе продолжите да ја развивате се поголемата професионална иднина. Остана уште малку време да се привршат подготвките. Оваа недела тие нема да бидат потполно готови. За тоа не треба да се нервирате.

Љубов – Мали фрустрации кои ќе ги компензирате на други влијателни подрачја од животот. Многу накратко ќе побегнете во својата работа или во друштво со пријателите, но помеѓу вас и партнерот се е во ред.

Здравје – не се замарајте со неважни работи.

БИК

Работа – Понекогаш мислите дека околу вас има премногу луѓе со кои морате да комуницирате, а вие најрадо би работеле сами. Размислите што вистински сакате и што можете  да работите, па најдете ја златната средиина. Понекогаш се потребни компромиси.

Љубов – Едно е сигурно, доготрајни разговори со партнерот. Но тоа не значи дека на тој начин ќе ја зголемите блискоста со партнерот. Ќе бидат многу различни теми за разговор, но сето тоа ќе изгледа како гребење по површината. Висинските чувства се уште не се искажани.

Здравје – Шетањето мора да ви стане начин на живеење.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Вашето влијание на работа ќе се базира на вашата инвентивност и професионалност. Овие денови се уште ќе чекатате на некој одговор од кругот на стручни лица кои можат да влијаат на понатамошен развој на работата, но важно е дека се е под контрола и добро се развива.

Љубов – Најдобро ќе се чувствувате дома, каде што опуштено ќе се чувствувате со личноста што ја сакате. Некои пак ќе сакаат да бидат во друштво со пријателите. Повремено ќе посакате малку повеќе страст , но засега тоа не ви оди.

Здравје – Се е во ред

РАК

Работа – Во вашата работна средина ќе се појават нови соработници, од друга средина. Вие ќе им покажувате како најдобро да се приспособат на работните задачи. Ќе бидете полни со добри намери и добри совети.

Љубов – Збунети сте заради вашата потреба за сигурност. На тоа брзо ќе заборавите. Ќе имате чувство дека сте поврзани со целиот свет и тоа на вас ќе делува мотивирачки. Личните односи ќе се развиваат одлично.

Здравје – Уживајте во животот.

ЛАВ

Работа – Ќе бидете спремни да им помогнете на колегите во секој момент преку ваш грб. Понекогаш ќе морате да се снајдете со тоа што го имате и знаете. За вас тоа нема да биде проблем, но вашето знаење ќе им биде потребно итекако на колегите.

Љубов – Во вашиот љубовен живот, овие денови ќе бидете опушени и отворени. Спремни сте да им верувате на другите што ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само вие што ќе имате доверба во вашиот партнер, туку ќе биде и обратно, а тоа навистина е многу.

Здравје – Оброкот поделете го со другите.

ДЕВИЦА

Работа – Ќе имате некои мали недоразбирања на работа, а резултатот ќе зависи од спремноста на сите за подобра соработка. Исто така, ќе треба малку повеќе трпение во работата. Од вас зависи како ќе се носите со поставените задачи.

Љубов – Вашиот шарм и способноста на прилагодување, ќе направат да многумина ќе посакаат да бидат во ваше друштво. Некои од вас ќе се претворат во вистински забавувачи. Излагањата нема да ви недостасуваат.

Здравје – Одлично

ВАГА

Работа – Излезете и во пресрет на една личност на работа, која не знае како да го сработи зададеното. Бидете оворени и кооперативни, бидеји се работи за заеднички резултати кои подоцна ќе дојдат. Благодарноста која ќе следи, ќе ви биде нов мотив за понатамошна работа .

Љубов – Љубезноста со која зрачите ќе ги привлекува дури и тие кои не ве сакаат. Ако барате сродна душа и се уште сте сами, потпрете се само на вашиот шарм. Па дури ако во почетокот и не оди се како треба, работите ќе се одвиваат во ваша корист.

Здравје – Занивајте се со спорт

ШКОРПИЈА

Работа – Ќе имате повеќе работа, посебно повеќе помали работни задачи.  Понекогаш од толку многу работа не ќе можете да се одморите, но ќе ве мотивираат колегите кои исто така ќе работат со полна пареа а функционираат подобро од вас.

Љубов – Ќе уживате во сосема обични работи и без големи љубовни амбиции. Ова ќе донесе релаксираност во врската каква не очекувавте. Така ќе се посветите еден на друг на нов начин.

Здравје – Не претерувајте со консумирање на храна.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Се трудите што може повеќе да ја искористите шансата пред вас. Некои поради тоа ќе работат и прекувремено. Ќе има и такви кои ќе бидат повикани да се јават на работа и за време на викендот заради работа на некој проект и да ја спасат целата работа.

Љубов – Иако вашата врска добро напредува, во душата се чувствувате неисполнети. Некои парови дури ќе ја препознаат големата дистанцата во врската. Воздржете се од коментари. Чекајте, ќе помине.

Здравје – Прошетки на отворено

JАРЕЦ

Работа – Повеќето планови кои ги имавте за овој период нема лесно да се исполнуваат, ако воопшто и можат. Вие без планирање не умеете да живеете, се мора прво да смислите и ако е возможно и да одите со години понапед, а со самото тоа и разочарувањата се неизбежни. Невозможно е се предходно да испланирате и затоа ќе имате уште една лекција од школото за иднината. Во секој случај материјалната сосотојба се подобрува.

Љубов – На емотивното поле нема да имате скоро никакви случувања.

Здравје – добро

ВОДОЛИЈА

Работа – Разговорите и договорите се одлагаат, но на крај се ќе излезе во ваша корист и ќе бидете многу задоволни. Вашите идеи се премногу смели и за вашите претпоставени и тие не сакаат да ги спроведат во дело. За нив тоа е нереално. Потрудетете се да преку пријателите или претпоставените ги презентирате вашите идеи затоа што успехот од таму ќе доде. Значи – трпение. Ви следи патување во странство.

Љубов -добар ви е перодот за комуникација со партнерот и ве води кон љубов и слога.

РИБИ

Работа – Во секој од наредните денови околку вас ќе има сомнителни луѓе, што ви создаваат чувство на несигурност. Луѓето ќе бидат такви не заради вас, туку такви се генерално а вие на нив се лепите како на магнет. Време е некои луѓе да ги исфрлите од вашиот деловне круг.

Љубов – Во љубовниот живот слична ситуација, слични сомневања во партнерот а дел и заради вашите замислени стравови. Потребно ви е да се осамите и да го пронајдете во себе тоа што ве прави среќни, а да не е поврзано со другите луѓе.

Здравје – добро

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРомантични и женствени модели на модната недела во Париз!
Следна објаваЧетири драми од Андоновски на хрватски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ