Летото е сезона полна со модни предизвици. Еден од нив е како да се изгледате убаво, модерно и шик на градските улици, а истовремено да имате што помалку облека и аксесоари на себе. Императив е комфорот, односно да се чувствувате комотно и опуштено во она што го носите на себе. За таа намена, комбинирајте неколку лесни парчиња облека, изработени од пријатни материјали и со лежерни кроеви, или, пак, одлучете се за летни комбинезони и лелеави фустани. Одберете пред се’ удобни летни обувки, а при изборот на модни детали, секогаш дадете предност на очила за сонце и/или шешир, кои покрај тоа што ќе му дадат личен печат на вашиот летен аутфит, умешно ќе ве заштитат и од сончевите зраци. Доколку температурите се нешто пониски и налагаат слоевито облекување, тогаш тексас јакните се секогаш полн погодок. Во продолжение, ви претставуваме неколку инспиративни идеи и стилски предлози за непретенциозен, но ефектен изглед на жешкиот асфалт, пркосејќи им на високите температури. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената комбинација за престојната недела.