Колекцијата наречена „Veritas“ (Вистина) потпишана од модната куќа MCouture на Мила Кадриу ја доживеа својата премиера вчера, на зајдисонце во скопската винарија „Камник“.

На модниот перформанс во организација на Моден викенд Скопје беа претставени креациите за пролет/лето 2015 односно комбинезони, коктел фустани, кошули, панталони и корсети.

„Инспирација за создавање на оваа колекција најдов во самата основна и природна убавина на жената, нејзините највредни одлики од кои таа несебично црпи секојдневна инспирација“, вели дизајнерката Мила Кадриу. Во однос на боите Кадриу објаснува дека белата како боја на вистината е носечка во целата колекција, најбитна по значење и основа за мешање на целиот колорит.

Што се однесува до текстилната карта, внимателно се одбрани парчиња на ткаенини кои самите по себе и не се компатибилни. Склоп на памучни и везени чипки, спој на пердуви со чипка, пердуви од ној во комбинација со кристалчиња, лелеави свили принтани и укрутени со материјали кои даваат поинаква форма на моделот, сурова свила, свилени жоржети и брокати.

За фризурите на манекенките од модната агенција „Подиум“ се погрижи „Lakme“ во соработка со „Бубе студио Ин“ а за шминка „Космо“ со „Manhattan“.

Повелете и погледнете дел од моделите

Фото: Ани и Дими

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA: 13 идеи за мали балкони
Следна објаваПокана_ Промоцијата на првиот албум на „Тајфата“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ