Што ве очекува следниов период според астрологијата?

naslovna

Овен

Се наоѓате во период кога сте сконцентрирани на финансиите и вашите приходи. Внимавајте колку пари трошите и на што, бидејќи понекогаш знаете да трошите пари за да импресионирате некого, особено саканата личност. Потребна ви е економска реорганизација. Побарајте совет од стручно лице.

Бик

Овој период имате мали проблеми со парите, а во исто време ви се раѓаат нови идеи за како да заработите повеќе. Не се споредувајте со другите- трошете толку колку што е потребно. Можеби се сомневате во вашите таленти, но не грижете се- способни сте да постигнете големи успеси.

Близнаци

Ви завршува многу динамичен и стресен период во кој психички сте се исцрпиле, но и покрај напорот, сето тоа ви претставувало задоволство. Оваа недела, посветете се на себе и на своите интереси. Одморете се и поминете време со семејството и најблиските.

Рак

Изминатиов период сте биле многу зафатени, но сте успеале да ги завршите сите зададени задачи и сега конечно можете да се одморите и да се чувствувате исполнето. Внимавајте од кого барате финансиски совети. Верувајте му само на сопственото искуство.

Лав

Досега имате постигнато многу, но и претстојниов период ви се отвораат нови можности, и тоа и на интелектуален, и на љубовен план. На работа, можни се мали несогласувања со колегите поради различни ставови. Имате способност секогаш да ја донесете правилната одлука.

Девица

Успешно сте се извлекле од некоја негативна ситуација и сега ви претстои мирен и спокоен период. Можно е да одите на некое убаво патување со личност со која делите исти интереси. Не ги наметнувајте вашите идеи на другите- секој си има свој начин. Оставете работите да течат.

Вага

Ви се отвораат многу нови можности, но ви стојат и разочарувања на патот. Морате да поминете преку овие препреки и да научите од нив за да може да продолжите. Најважно е да размислувате позитивно за да привлечете позитивни нешта. Не си ги сфаќајте сите работи при срце, особено кога станува збор за пријателите.

Скорпија

Овој период можно е да имате мали недоразбирања на работното место или од вас ќе се очекува да завршите многу задачи во краток рок. Обидете се да не влегувате во конфликти и правете сè што се бара од вас. Финансиите и љубовниот живот се стабилни, без поголеми промени.

Стрелец

Следниве два до три месеци ќе имате чувство дека сте ги исполниле целите кои сте си ги задале, особено кога станува збор за кариерата. Сите ваши идеи ќе ги реализирате и практично. Оваа недела, ви претстојат некои недоразбирања со колегите. Со здравјето генерално е сè во ред.

Јарец

На работното место постои некој кој се наоѓа во тешка позиција и на кој му е потребна ваша помош.  Не се штедете и помогнете му со вашите совети и идеи. Ако сте во врска, или имате деца, ви следи проблематичен период поради несогласувања во ставовите. Не дозволувајте да ве обземат негативни мисли.

Водолија

Неделава ќе ви започне со многу настани на кои ќе се сретнете со интересни личности и пријатели и ќе научите многу нови работи. Сконцентрирани сте на семејството и се обидувате да поминувате што е можно повеќе време со најблиските. Пријателите секогаш ги ценат вашите совети, па слободно помогнете на оние на кои им треба.

Риби

Работите се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Сепак, бидете пофлексибилни и не влегувајте во конфликт со другите доколку тоа може да се избегне. Точно знаете што сакате и како да го добиете тоа и не ви е тешко работите да ги свртите во ваша корист.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМекларен со „570S“ во Њујорк
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (14.04 – 18.04)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ