Прочитајте што ве очекува во наредниот период според астрологијата.

Purple-BG2

Овен

Ви следува важна недела во однос на финансиите и кариерата, па искористете ги можностите што ви се нудат и направете реорганизација на тоа како ги трошите парите. Полни сте со енергија и зрачите со харизма овој период. Сè на сè, ви следува убав и динамичен период.

Бик

На почетокот на неделата ќе се чувствувате задоволни и спремни да ги остварите вашите цели. Ќе имате малку повеќе трошоци овој период бидејќи сакате да ги разгалувате најблиските со подароци. Не заборавајте дека за успех е потребно да се ослободите од сето она што не ви треба и да направите простор за нови работи.

Близнаци

Овој период, сконцентрирани сте на кариерата и спремни сте да ги решите сите недоразбирања што ги имате со луѓето околу вас. Период поволен за креативност и нови идеи поврзани со некоја ваша визија. Обидете се да ги гледате работите пореално и работете само на она што навистина ќе ви донесе резултати.

Рак

Неделата ќе ви започне со многу излегувања и дружења со пријателите и колегите. Можен е и финансиски успех за нешто на кое напорно сте работеле. На работа, луѓето конечно ќе го препознаат вашиот потенцијал и сите ваши способности. Очекувајте поддршка и од колегите, и од партнерот.

Лав

Се чини дека конечно сте излегле од конфузен период и сега сте спремни да направите јасен план за иднината. На работа, сè изгледа стабилно, иако понекогаш не се согласувате со одлуките на другите. Бидете отворени за нови нешта и идеи и откријте нови принципи кои ќе ви одговараат.

Девица

Во овој период, лесно може да се почувствувате изгубено, а тоа е поради тоа што немате јасна комуникација со другите или имате превисоки очекувања. Членовите на семејството ви се најголема поддрша во овој период, па поминувајте што повеќе време со нив.

Вага

Се наоѓате во период кога сакате да остварите длабока емотивна врска со партнерот. Во однос на финансиите, паметен потег би било да се преиспитате на што и колку пари трошите со оглед на тоа што понекогаш знаете да претерате. Нема да згрешите ако се вклучите во некоја друштвена активност или проект.

Скорпија

Се наоѓате во силна позиција на работа и секогаш знаете како да ги завршите работите што се бараат од вас. Можеби е подобро некои задачи да ги распределите помеѓу колегите во кои имате доверба. Период поволен за склучување на некое партнерство.

Стрелец

Оваа недела ќе успеете креативно да се изразите себеси и да ја покажете вашата самодоверба. Ви следат романтични мигови со партнерот и убави настани. На работа можеби ви се чини дека работите се одвиваат споро, па добра идеја е да направите одредени промени.

Јарец

Неделата ќе ви започне одлично, и тоа и во однос на љубовниот живот, и на работното место. Период поволен да инвестирате во вашиот дом- потег кој со сигурност ќе ви се исплати. Исто така, сега е време да инвестирате и во љубовна врска, и тоа со човек полн со шарм и харизма кој има јасен план за иднината. Раскрстете со минатото за да уживате во сегашноста.

Водолија

Неделата ви започнува со многу позитивна енергија и самодоверба. Луѓето околу вас ја почитуваат вашата мудрост и зрелост. Ви следи период кога ќе можете многу да научите за вас и за важните работи во животот. Домот ви е многу важен, па оваа недела посветете се на најблиските.

Риби

Ве очекува период на дискусија и анализа на вашите соништа и идни планови кои не се секогаш реални. На работа, можно е да направите некој договор со кој ќе постигнете долгорочен финансиски успех. Сè на сè, среќата конечно ќе ви се насмевне.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвадба низ светот за 83 дена
Следна објаваФото на денот | Задоцнето изгрејсонце
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ