Еве што ви следува оваа недела според хороскопот.

Horoscope-3

Овен

Иднината ви изгледа одлично, но бидете свесни и дека некои работи нема да одат според плановите. Ве очекуваат промени за кои ќе ви помогне некој близок. Одличен период за врски, романтика, авантури и патувања. На работно поле важи изреката: „Ако не ризикуваш, нема ни да добиеш”.

Бик

Тешко ви е да донесете разумни одлуки поради тоа што често знаете да одите од крајност во крајност и да донесувате избрзани судови. Разговарајте и побарајте помош од некој близок кој знае да влијае на вас. Неговата помош ќе се инспирира и ќе ве направи посреќни. Одвојте време за себе и ќе откриете многу нови работи.

Близнаци

Ви завршува еден инспиративен период во кој сте ги прошириле хоризонтите. Важен дел од овој период било партнерството од кое сте научиле да слушате и друго мислење. Ве очекуваат дружења со нови пријатели и нови креативни подвизи во вашата кариера.

Рак

Неделава започнува со нови можности во кариерата, особено на финансиски план, а вие ќе бидете посебни самоуверени поради тоа. Не плашете се да преземате ризици- тоа ќе ве одведе во нови победи. Ослободете се од сè што непотребно ви го одзема вниманието и согледајте ги работите реално.

Лав

Ви следува исклучително поволен период за патување и запознавање со нови култури и обичаи. Раскрстете со минатото и старите идеи за да направите простор за нови идеи и доживувања. Преиспитајте се што ви е важно во однос на материјалните работи. Обидете се што повеќе да ги поедноставувате работите.

Девица

Оваа недела фокусот е на вашиот личен живот и врските со другите. Можно е да ви биде тешко да ги прочитате намерите на луѓето што ви значат или пак, работата да ве разделува од најблиските. Ќе се чувствувате инспирирано и ќе имате многу нови идеи кои ќе ви донесат успех на работа.

Вага

Во првиот дел од неделата ќе ви се чини дека не успевате ништо да постигнете, но не брзајте со заклучоци. Во моментов потребна ви е слобода, а добро ќе ви дојде дружење со инспиративни и харизматични пријатели. И вам, и на партнерот ви се потребни повеќе промени и возбуда.

Скорпија

Ви се нудат многу нови можности во кариерата во однос на патувања и интелектуални предизвици. На работното место постои борба за моќ, но бидете сигурни дека вие сте тие кои имате моќ за да направитепромени. Имате потреба да држите сè под контрола што понекогаш не е паметно за вас.

Стрелец

За оние во врска следува исполнета и среќна недела, а за слободните започнува период на страст и убави моменти. Сè што ќе започнете во овој период, и на љубовен и на професионален план, ќе вроди со плод. Оваа недела сè е во знакот на опуштањето и забавата. Уживајте!

Јарец

Ви следува развој на настаните во моментов, и тоа во семејниот живот, но и на работа. Во однос на парите, конечно ќе ви се насмевне среќата. Сконцентрирани сте на интелектуален развој и развивање на нови уметнички вештини. Имате многу можности за пренасочување на креативната енергија.

Водолија

Ви следува период на драматични промени во однос на луѓето со кои делите исти интереси. Време во кое главна улога имаат провокативни и екстремни идеи. Обидете се да си стоите на своите ставови. Со партнерот нема да имате поголеми проблеми.

Риби

Иако не се согласувате со мислењата на другите, обидете се да најдете баланс помеѓу вашите и нивните ставови. Само на тој начин ќе постигнете успех. Очекувајте некои новости во однос на финансиите. Сега е вистинско време да размислувате за иднината.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлавни личности со вишок килограми
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (02.03 – 07.03)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ