Запрете, размислете и уживајте во моментот!

Подготовките за единаесетотто издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април, традиционално започнаа со фотосесија за имиџот на сезоната пред објективите на тандемот „Ани и Дими“. Моден викенд Скопје за пролет/лето 2015 ќе води во минималистички, мирен и топол моден свет бидејќи во екстремно динамично и технолошки- напредното време во кое живееме честопати забораваме да здивнеме, да направиме пауза, да застанеме и да уживаме во моментите. Во новиот имиџ преовладуваат топли и релаксирани бои кои даваат приземност во модното изразување. Заштитни лица на новата сезона се Вања Трампевски и Ивана Дуковска од модната агенција „Подиум“. „Предстојните пролет/лето ќе бидат во знакот на сосема природен изглед на лицето, топли нијанси на сенки, палета од песочни тонови и бронзен тен на телото. Потенцираните трепки и силната шминка во наредните месеци ќе бидат апсолутен аут“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката на заштитните лица . Тимот од „Бубе Студио Ин“ кој во соработка со Lakme ги направи фризурите , за новата сезона советува брановиден изглед ,благо прекршена коса и неформален природен изглед. „Во однос на боите кои ќе бидат актуелни модните амплитуди ќе движат од медовата, преку лешник и карамела нијансите па се до огнено портокаловата боја.“, вели познатиот стилист Бубе. Фотографиите од бекстејџ атмосферата ги направи Марина Трајковска а за стајлингот се погрижи Виктор Цветановски во соработка со Фешн Груп Македонија.backstage FWSK SS15 1 backstage FWSK4 backstage FWSK5 backstage FWSK6 backstage FWSK7 backstage FWSK8 FWSK SS15 (8) FWSK SS15 backstage

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВерсаче пролет-лето 2015
Следна објаваМини стан од 29м2
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ