Лондонската улична мода потврдува, дека секој на себе си си е најдобар стилист. Во Лондон, никој не им робува на трендовите, за разлика од Париз, по чии улици веднаш ќе забележите разни новитети,а на улиците на британската престолнина  добро применети модни детали.Се останато е стил.Лондон е град, каде што е дозволено да се облечете како што срце ќе ви посака.И никој позади вас, нема да се сврти.Можеби некој модно неосвестен турист,но и туристите знаат каде доваѓаат,така да и тие брзо влегуваат во фазонот,па ретко ќе видете типични туристи со руксак на грбот.

Лондон е една голема модна писта на која шетаат луѓе кои најчесто си се самите на себе дизајнери,или стилисти,но секако со голема инвентивност,луѓе со широки модни видици.

Никој не им робува на модните трендови и за разлика од Париз. Доле трендови-да живее стилот!

2-london-fashion-week-spring-summer-2013-street-style-batch-4-imaxtree_GZOOM1 3-street-fashion-london-style-by-daniela 13_street_2145469a

И секако Англичаните верни на традицијата  во се ,па така и во модата немаат намера да се одречат. Да не ви се верува со колкав шарм ги носат младите момчиња  машките класични  одела.Некој ќе си поигра со голема торба,интересни очила,капа или шешир,но од добро,квалитетно одело нема да се одрекне.Ако сте во центар во пословниот дел,сите мажи се во црно или сиво одело со добри шпиц чевли.Жените воглавно се облечени во многу женествени фустани,со  убави во боја салонки,многу често без чорапи.Тоа е така бидејќи сите тие  доваѓаат од училишта каде што униформата им била секојдневие.

17-STREET-STYLE-BF_1831163a 23-street-fashion-london-style-by-daniela gqlondon1

А на улиците на легендарниот  Камден,можете да видите се. Жени облечени како мажи и обратно, за тие што не знаете од кој пол се,полуголи или со капути до доле и со големи шешири.Дури можеби и ке помислите дека се дел од некој перформанс или театарска представа или пак само се излезени на кафе. LFW_StreetStyle2_gl_19sept12_candicelake_b_592x888

london-fashion-week-street-style-spring-2013

London_street_style_fashion-_week_04_sartorialist

 

А за пирсингот и тетоважите, воопшто нема смисол да дискутираме.Воглавно,жителите на Лондон уживаат во нивните комбинации и знаат што сакаат.Комбинираат невозможни бои,свилен фустан со кожна јакна,различни стилови,разни цветни комбинации,дебели  чорапи со сандали,ефтини детали со брендирана облека и обратно….а изгледаат добро или уште подобро-модно ослободени.

LONDON_STREET_STYLE

London_Street_Fashion__003_by_invisible_deity London-Fashion-Week-Fall-2013-Street-Styles-22 london-fashion-week-street-style-7
london-fashion-week-street-style-ss13-part2-9 london-street-fashion-1205a london-street-fashion-060710 london-street-style-020511aa london-street-style-fashion-fashion-icon-Favim_com-563919 london-street-style-fashion-vintage-Favim_com-563963 london-street-style-fashion-week-1 Pipa S_Yarhi-london-street-style S-001 street_style_london_fashion_week_primavera_verano_2013_599769785_800x1200 street_style_london_fashion_week_primavera_verano_2013_905682610_800x1200 Streetstyle9 th

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп (2-8 февруари)
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (02.02 – 07.02)
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ