Од романтични, опуштени, боемски и носталигични изгледи, па се’ до шик, елегантни, урбани, отмени и класични комбинации, низ улиците на Париз ќе сретнете беспрекорно стилизирани дами, кои облеката ја носат грациозно и со став.

0000

Има нешто толку лежерно и префинето во модната аура на Париз, што не може да се забележи на ниту едно друго место во светот. Француската метропола важи за светска престолнина на модата, а неговите жител(к)и за секогаш добро и вкусно облечени. Која е тајната на убавите парижанки? Во една прилика, модната икона Коко Шанел ќе рече: пред секое изглегување од домот, погледнете се во огледало и oтстранете едно парче од она што го имате на себе. Во Париз никој не е ни премногу дотеран, ниту пак премалку облечен, а нештата ги носат со стилска самодоверба која го надополнува едноставниот изглед. Така, релаксираниот избор на гардероба секогаш ги следи учтивоста, љубезноста и гордоста со која го поздравуваат светот. Парижанките го негуваат природниот изглед, каде акцентот е ставен на свежината и здравиот тен на ликот, а избегнување на пренападната и јака шминка. Кога се деталите во прашање, вешто го применуваат правилото: помалку е повеќе. На себе имаат малку накит, при што бисерите се добитната варијанта за дневно излегување, додека дијамантите се совршен детал за погламурозен вечерен изглед. Аксесоарите се минималистички и сложени со мера, а тоа се најчесто убава марама или шал, слатка лента за коса, големи очила и отмена чанта. Парижанките се познати и по добро скроените капути и јакни, со женствени и шик линии, но и удобните, а сепак стилски чевли кои им овозможуваат комотно да се движат низ градот. Во продолжение, ви претставуваме неколку инспиративни модни комбинации од градот на светлината, кои најдобро го прикажуваат разноликиот, но сепак препознатлив вкус на париските дами. Пронајдете ја омилената инспирација.

0001 0002 00030004 0005 0006 0007 0008 0009 0010 0011 0012 0013 0014 0015 0016 0017 0018 0019 0020 0021 ArtSymphony_Parisian Chic Style

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдна животна приказна
Следна објаваКако правилно да нанесете ајлајнер?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ