Мега-популарни и најпожелни за овој период од годината од проста причина што истите се комбинација помеѓу корсет-маичка-елече: кроп-топ маичките станаа тренд преку ноќ ова лето. Можеби моменталните попусти дозволуваат да си набавите некој модел на кроп-топ, кои варираат во материјалите, принтовите и боите; но денешниот Направи сам проект е по моделот на Balenciaga во едноставна и елегантна бела варијанта и женствено деколте.
Потребно Ви е:
– обична, памучна бела маичка
– ножици
– вешти раце и трпение
Чекорите се повеќе од едноставни, додека под „вешти раце и трпение“ подразбираме правилни потези со ножиците и следење на инструкциите. Пожелно е маичката да биде од фин памук, додека останатото зависи од обликот на Вашето тело.