„Некои се родени неверојатни,
а некои постигнуваат неверојатност.
Додека на некои, друг им ја додава неверојатноста.“

 

Ако и Вие се пронајдовте во втората категорија креативци, создавачи и автори според Шекспир, тогаш Ве повикуваме да го прославите 450 роденден на овој великан на сосема невообичаен начин – делегацијата на Европската Унија во Македонија, позната како ЕУ Инфо Центар заедно со Британскиот совет Ве канат да се соочите со предизвикот да создадете едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, под наслов “Шекспир@1минутно видео”.

Видеото може да биде инспирирано од самиот Шекспир, од негов акт, сцена, цела драма или тема што претставува комбинација од повеќе драми. Може да создадете класична или модерна видео-интерпретација на Шекспировото дело, живот или наследство во времетраење од една минута. DA Ви стои на располагање како извор за да го искористите својот креативен капацитет до максимум!

На натпреварот може да се пријават сите граѓани, без ограничување на возраста. Рокот за пријавување е 21 мај, додека повеќе информации за видео-натпреварот може да најдете на http://euic.mk/.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСофистициран читател | BookBook
Следна објаваБрендирани намирници
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ