По три дена и дванаесет модни ревии во „Скопје Мериот хотел“ есенското издание на Моден викенд Скопје го затворија креаците на дизајнерката Ирина Тошева.

00Доследна на препознатливиот стилски израз, но и на изненадувањата кои редовно ги испорачува со секоја следна колекција, модната приказна на младата, но етаблирана дизајнерка на домашната сцена, овојпат е инспирирана од словенскиот фолклор и жар-птицата како мотив.

00aИрина Тошева, чијашто десетта јубилејна ревија на Моден викенд Скопје ја поддржа „Avicena“, за својата колекција ќе рече:

Еден нејзин пердув може да осветли и спаси цел град. Таа е благослов, но може да донесе и несреќа на оној кој ќе ја фати. Жар-птицата живее во приказните од словенскиот фолклор, а нејзината потрага е пресликана во новите креации.“

00bКолекцијата на Тошева за сезоната есен/зима претставува визуелна игра со бои и интересни дезени, интригирајќи со деликатниот микс на оптимизам и носталгија, што го побуди нејзиното премиерно претставување пред скопската публика. Впечатливите принтови и урбаната нота остануваат нејзин заштитен знак, а во најновата колекција спакувани се во 10-те креации со модерни и женствени кроеви, младешка естетика и енергичен колорит.

00cОд модната писта до градските улици, моднaтa визија на македонската дизајнерка Тошева е да внесе боја и ведрина во гардеробата за студените месеци, а со парчињата облека кои се носливи, пријатни и лесни за комбинирање – идеални за атрактивен и автентичен изглед во текот на денот, но и за кокетни и шик комбинации за ноќните излегувања.

00d

Во очекување на промотивниот каталог, кој дизајнерката и нејзиниот креативен тим традиционално го подготвуваат за секоја нова колекција, ви ги претставуваме фотографиите од ревиската презентација на моделите во рамки на 14.Моден викенд Скопје.

01 02 03 04 05 06 07 08 09 010

011

СПОДЕЛИ
Претходна објаваYAMAMAY – За секоја жена за секое тело
Следна објава“The tale of Thomas Burberry”
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ