1

Прославата на матурската вечер е настан кој се памети вечно, означувајќи го крајот на едно старо, а почеток на ново поглавје во животот. Покрај добрата забава и убавите мигови со врсниците, императив за секоја млада девојка е да ја прослави матурската вечер со совршен стил. Како да се облечете за оваа пригода? Кратките фустани се полн погодок за прослава на матурската вечер, а вистински избор се за девојките кои сакаат да изгледаат атрактивно, урбано и младешки, а истовремено свечено и блескаво. Ви претставуваме неколку убави предлози со куси фустани кои ќе ве инспирираат полесно да ја пронајдете својата идеална модна комбинација за таа намена. Идеите се многубројни и разноврсни, од ултра модерни и елегантни, игриви и бохо шик, па се’ до класични бели и црни мини фустани кои се добитна варијанта за матурските прослави. Пронајдете го вашиот омилен изглед, бидете модерни и најважно од се‘ – чувствувајте се пријатно и самоуверено во она што го носите,  бидејќи оваа вечер е само ваша.

2 3' 4 5 6 7 8 9 10 11 12

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот десерт во облик на капка, хит во Њујорк!
Следна објаваОригинални бележници за книга
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ