1

Бајковитите Бахами, познати по проѕирното тропско море, рамните корални гребени и белите песочни плажи, послужија како инспирација за снимање на промотивниот каталог на најновата колекција на Yamamay. Заштитно лице на оваа кампања е Ariadne Artiles, шпанската модна дизајнерка и модел, која мами воздишки со беспрекорната медитеранска убавина. Во пресрет на летото, новата сезонска колекција зрачи со сензуалност, живост и бои, вклопувајќи се совршено во тропското расположение и егзотичниот амбиент на Бахамите. Тиркизно-синото море, дивата вегетација и мирисното цвеќе, како и зрелото овошје потсетуваат дека летото е време за одмор и бегство од динамичната реалност, како и воспоставување рамнотежа со природата. Познатиот италијански бренд ги користи боите на тропското овошје, комбинирајќи ги со прекрасна експлозија на нијанси и дезени. Главни мотиви на колекцијата за престојното лето се топлите нијанси, цветните дезени, геометриските кроеви, живите контрасти и егзотичните принтови, а понудата вклучува модни аксесоари за глава, бикини со триаголна форма, костими за капење со висок и низок струк, како и бразилски и француски гаќички во повеќе бои и облици. Користејќи лесни ткаенини и тонски усогласени парчиња за облекување, колекцијата нуди совршен летен изглед за секоја жена и прилика, од испивање коктел во текот на денот до ноќна забава на плажа. 

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

НЕМА КОМЕНТАРИ