Сите ние секојдневно си додаваме работи на нашата листа за кои никако да најдеме време да ги довршиме. Со доаѓањето на новата година, си ветуваме дека конечно ќе почнеме да ги ֦штиклираме” работите на тие списоци. За некои од нив, знаеме дека пак ќе ги оставиме така, но следниве 3 навики потрудете се да не ги одложувате повеќе. Првиот чекор е обично најтежок. Во продолжение прочитајте како да почнете.

1

Средување на плакарот

Со успешна организација сте на пола пат до успех. Кога плакарот ви е чист и среден, многу полесно и побрзо ќе правите модни комбинации, што значи помалку нервоза и помалку поминато време во решавање ֦што да облечам?” Деновиве, почнете со средување на облеката што планирате да ја носите, а останатиот дел донирајте го на оние на кои им е потребно. Верувајте, на крај ќе си бидете благодарни.

2

Чистење на накитот

Без разлика дали имате скап и квалитетен накит или сте љубител на бижутерија, накитот на една жена мора да биде чист. Така ќе му го продолжите животниот век, а вие секогаш ќе изгледате свежо. И накитот, како и вашиот плакар, собира многу прашина, па важно е одвреме-навреме да го исчистите со соодветни средства.

6

Чистење на дамки од облеката и обувките

Никогаш не ги запоставувајте дамките што се појавиле на облеката и обувките. Тоа е главната причина за облеката подолго да трае. Најпрво отстранете ги дамките, па потоа исперете ги другите алишта. Чантите и обувките исто така треба повремено да се чистат. Еден заштитен премаз на кожната чанта или обувки е доволно за да ги носите уште долго време.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУште еднаш, за најдобрите пријателки | Ива Китановска
Следна објаваКоја е Бонд девојката над 50-тата година?
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ