Шеќерните нијанси се тренд веќе неколку сезони. Опфаќаат широк спектар на бои кои се идеални за колоритни, а истовремено нежни модни комбинации за пролет и лето.

m01

Непогрешливо женствени, слатки и шик, парчињата облека и модните додатоци во овие меки нијанси мошне лесно се вклопуваат во сечиј стил на облекување, без разлика дали сте вљубеничка во класиката, или пак смело им пркосите на модните правила.

m2

Едноставни се за комбинирање – прилегаат како на бледата пастелна палета, така и на интензивните неонски бои. Oдлично одговараат во тандем со светлите неутрални тонови и џинсот, како и црната и белата боја, вклопувајќи се во различни модни изгледи за секакви пригоди.

Sorbet Colors for Spring

Пронајдете ја омилената инспирација и прославете ја пролетта со слатки пастелни парчиња во вашата гардероба.

m4 m5 m6 m7 m8 Sorbet Colors for Spring m10 m11 m12 m13 m14m16m15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик поткровје со шарени детали
Следна објаваСпектакуларната Будимпешта
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ