Францускиот бренд за парфеми Perfumes du Château de Versailles создава парфеми во склад со архивите што се наоѓаат во дворецот Версај. Последната колекција е посветена на многубројните љубовници на кралот Луј XIV. Според идејата, секој мирис мора да носи мотиви според кои ќе се препознае точната личност.
Првиот мирис е посветен на Francoise d` Aubigny, последната сопруга на кралот и според многумина неговата најголема љубов. Таа била емотивна, сензуална и впечатлива, па според тоа нејзиниот мирис има ноти на шафран, јасмин, кожа и мошус.
Парфемот на втората муза, Anne de Rohan-Chabot, не е толку свечен како првиот, но мирисите на мандарина, јаболко, роза, малина и мошус го прават шармантен, природен и нежен.
На слични мотиви се базира и третиот парфем од колекцијата посветен на Luise de la Valliere, романтичен мирис со ноти на рибизла, бел мошус и шафран.
Четвртиот парфем, инспириран од Françoise- Athènaïs de Montespan, е наменет за дами што не се плашат да бидат забележани, а се состои од мириси на роза, кардамон, бршлен и ѓурѓин.