Почитувани,
Во недела, 23 февруари, 2014 година, со почеток во 12 часот, Македонската Опера и Балет ќе одржи матине претстава за деца. „Клинг-Кланг“ е музичка авантура која како серијал за запознавање со музиката на најмладата популација, ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.
Она што е посебно важно за оваа претстава е активното учество на децата во најзе. Ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе имаат можност да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената. Во нашата неделна матине претстава, ќе се запознаат со гудачките инструменти.
Потсетување: Заради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.