Ова е време каде што има многу на излог, но малку во магацинот, време кога технологијата ќе може да ти ја донесе оваа порака до тебе, но и време кога можеш да бираш дали да направиш разлика, или да не направиш ништо.

 

 

Пошироки патишта, потесни гледишта,
Трошиме повеќе, имаме помалку,
Купуваме повеќе, уживаме помалку,
Поголеми куќи, но помали фамилии,
Повеќе комодитети, помалку време,
Повеќе знаење, помалку интелект,
Повеќе експерти, но уште повеќе проблеми,
Подобра медицина, но полошо здравје,
Поголем имот, но помалку вредност,
Научивме како да заработиме за живот, но не и да живееме,
Додадовме години на животот, но не живот во годините,
Сме биле до месечината и назад, но не и преку улица да се запознаеш со соседот,
Сме ја освоиле вселената, но не и планетата,
Направивме поголеми работи, но не и подобри,
Го чистиме воздухот, но ја загадуваме душата,
Го поделивме атомот, но не и губитокот,
Пишуваме повеќе, учиме помалку,
Планираме повеќе, остваруваме помалку,
Имаме повисоки примања, но помал морал,
Научивме да брзаме, но не и да чекаме
Имаме повеќе храна, но помалку апетит,
Станавме големи на квантитет, но кратки на квалитет,

Ова се денови на повеќе примања, но повеќе разводи, времиња на поубави домови, но скршени куќи.
Ова се денови на повеќе одмори, но помалку забава, времиња на светски мир, но домашни војни.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР