Според бестселерот на John Green, The Fault in Our Stars, ова лето се очекува филм, кој дефинитивно ќе ја разбуди емоцијата дури и во најцврстото срце. Доколку сте немале можност да ја прочитате книгата, побрзајте да го направите тоа во најбрз можен рок.
Добрата книга опишува не толку типична, но неверојатно силна љубовна приказна на двајца тинејџери. Hazel, чија улога ја презема ѕвездата од The Descendants, Shailene Diann Woodley, го запознава Augustus, (Ansel Elgort), во група за поддршка на заболените од карцином. Ракот на белите дробови не ја спречува Hazel да тргне со својата нова љубов во Амстердам, по потрага на нивниот омилениот автор, Peter Van Houten. Страшната вест која ќе ја дознаат на своето патување ќе им ги скрши срцата.
Филмот, како рингишпил на емоциите, ќе Ве натера да плачете, да се смеете и да се замислите за тежината на самиот живот и борбата за да се истрае во него.