“Severn bor” е огромен бран кој се формира во вливот на реката Северн, кој е во облик на инка. Тој патува спротивно од текот на реката, како низа од три – четири непрекинати бранови. Тоа е фантастичен призор бидејќи реката во еден момент го менува својот тек, во форма на голем, плимски бран кој надоаѓа.

Висината на секој бран е непредвидлива, бидејќии зависи од висината и брзината на плимата, која влегува во тесниот залив. Исто така, тука влијаат и други услови, како: количество на слатка вода во моментот, атмосферскиот притисок и правецот на ветрот. Силните ветрови од Атлантикот ја зголемуваат висината на бранот. Рекордна висина на бранот до сега е 2,75 м.

Најдобро место за набљудување на овoј феномен е помеѓу Minsterworth и Louer parting. Од оваа точка ќе имате возбудлив поглед на силата на водата која надоаѓа и го менува текот на реката. На оние кои живеат и работат на реката, добро им е познат извикот “Плимата надоаѓа!!!”

Просечно 12 пати во годината, бранот е доволно голем за да може на него да се сурфа. Dej Loson, локален сурфер засега го држи рекордот за најдолго возење на бранот – 9 км.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАлиса Вернер
Следна објаваРачно изработени фонтови
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР