“Aurora borealis” е уникатна светлосна претстава на природата, во облик на треперливо струење на обоена светлина која го облева вечерното небо. Визуелно восхитувачка, дел од нејзината убавина лежи во нејзината краткотрајност. Никогаш не можете да бидете сигурни дека ќе ја здогледате и во кој вид ќе се појави. Понекогаш таа може да биде разочарувачки еднобојна, проѕирна и ладна. Друг пат може да биде пулсирачка, психоделична, експлозија од  бои.

Овој научно – фантастичен феномен, има исто такво научно – фантастично објаснување. Таа се случува кога честичките со електричен набој, кои патуваат со брзина од 1200 км/ч на соларен ветер бидуваат заробени од земното магнетно поле. Како што се привлечени кон половите, тие удираат во јоносферата и доаѓаат во судир со гасовите од атмосферата. Ваквиот судир произведува фотони – светлосни честички кои сјаат со црвена, зелена, сина и виолетова боја. Како резултат на ова се јавува спектакуларна треперлива светлина, позната под името “aurora australis” на јужната хемисфера и “aurora borealis” или северна светлина.

Набљудувањето на овој феномен е најдобро да се направи во потполно ведрите зимски ноќи, далеку од блесокот на градските светла, кога ноќите се долги и мрачни.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 необични кревети
Следна објаваАлиса Вернер
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР