Мирисните ноти на парфемите кои ни се допаѓаат, всушност имаат врска со тоа каква личност сме.

Ние одбравме пет машки парфеми кои се појавија во 2011 година, во чии мириси можат да се пронајдат сите типови на мажи.

Мириси за оние кои секогаш изгледаат отмено и суптилно, оние кои се желни за предизвик и победа, таквите кои сакаат да се во центар на вниманието, трагачите по нови возбуди и сите останати.

 

Веруваме дека некој од овие парфеми ке ги заскокотка  вашите сетила, но и сетилата на спротивниот пол.

  1. “Bleu de Chanel” – за сите оние кои користеле некој од прафемите на Chanel, нема потреба од некое посебно објаснување. Ако пак сте почетник, а сакате да оставите впечаток на ладнокрвен маж кој знае што сака и како да стигне до тоа, Bleu de Chanel е вистинскиот избор за вас.
  2. “Bang, bang” – парфем за сите зрели мажи и обожаватели на Marc Jacobs. Ако ви се допадна предходникот на овој парфем “Bang” и ако сте обожавател на мирисот на сандаловина, овој парфем ќе го сакате двојно повеќе.
  3. “Champion energy” – она што прво ќе ви го привлече вниманието кај овој парфем е неговото оригинално шишенце. Парфем на Davidoff  кој припаѓа на парфемската Лига на прваци: одважен, свеж, ведар. Вистински бран на енергија и сила. А тоа е баш она што шампионите го сакаат.
  4. “Eau d’Ikar” – Одберете го брилијантното дело на Sisley и верувајте дека ќе успее да ви ги врати спомените на долгото топло лето, соленото море и крајбрежниот ветар.
  5. “Изгаснете светло и попуштете звук. Енергија, пулс. Провокација. Додадете секси вибрации…”Ако сеуште не сте ја погледнале рекламата за новиот Calvin Clein – “CK One Shock” сторете го тоа веднаш. А ако сакате сочен и заразен мирис на вашата кожа, ова е вистинскиот избор за вас. Она што е добро, е тоа што постои и женска верзија, па не мора да се грижите што ќе и подарите.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФлеш Моб Скопје
Следна објаваУникатни столчиња
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР