ФЛЕШ МОБ е настан кој се организира насекаде низ светот на јавни површини како плоштади, трговски центри и улици. За прв пат оваа година се оддржа и кај нас. Идејата за реализирање на овој проект беше на неколку соработници од младинската организација „креАКТИВ“. Сакајќи да направат нешто ново и поразлично од она што го имало досега во нашата земја по повод “Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти Декември” беше организиран овој настан на две локации во Скопје (на градскиот Плоштад и во Веро Центарот) каде учество земаа 130 волонтери.

Флеш Моб Скопје
“Во реализацијата бевме потпомогнати од Агенцијата за Млади и Спорт, Општина Кисела Вода која ни обезбеди сала за вежбање и ВЕРО Центарот кој ни излезе во пресрет за изведување на овој настан. Исто така поддршка добивме и од Центарот за меѓукултурен дијалог, кои ни обезбедија звучна опрема за настанот. “ – изјави Христијан Проданов, еден од организаторите на овој настан и член на младинската организација „креАКТИВ“.

Флеш Моб Скопје
“Подготовките траеја 3 недели, со проби 2 пати неделно. Учествуваа млади ентузијасти кои со голема желба и страст ја учеа кореографијата и со нетрпение ги oчекуваа пробите. Бевме одлично прифатени од случајните минувачи и медиумите, а уште истиот ден Facebook беше преплавен со линкови од настанот на Плоштад и Веро Центарот. Земаа учество и волонтери од Куманово, Кавадарци и Битола. Посебна благодарност и до Весна Ѓурковска која прифати да ги подготви децата од Куманово за Флеш Мобот во Скопје” , додава тој.

Флеш Моб Скопје

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасен свет
Следна објаваМАШКИ ПАРФЕМИ ЗА 2011
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

2 КОМЕНТАРИ

  1. Не би рекла дека е за прв пат.. еве само 3 од последните 2 години
    http://www.youtube.com/watch?v=hKOwN2Ytg1k&list=UUApzhvSEF2Qqyd8c6kKxxNw&index=21&feature=plcp
    http://www.youtube.com/watch?v=CcJNGDo1GSk&list=UUApzhvSEF2Qqyd8c6kKxxNw&index=18&feature=plcp
    http://www.youtube.com/watch?v=YZNql6ZP4N0&list=UUApzhvSEF2Qqyd8c6kKxxNw&index=11&feature=plcp
    Но има и други организации (покрај Креатив и МОФ) и млади што имаат направено флеш мобови. Но не е работата кој е прв, туку колку ги има.Супер е што станува популарен овој начин на изразување и кај нас!

    • работата е дека е прв флеш моб на препознатлива кореографија. ништо повеќе. флеш моб може да претставува секакво спонтано движење или стоење во место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР