Нестрпливи сте да го добиете вашиот новогодишен подарок? Не чекајте го Дедо Мраз, подарете љубов и добијте љубов на дар, оваа сабота (28.12), на големото предновогодишно дружење од 13 до 15 часот во ГТЦ.

2

,,Пакетче љубов за среќна нова година’’ е настан е во организација на ,,Млади за љубов’’, кои традиционално, и овојпат предновогодишно ќе делат многу љубов, прегратки и оптимизам во метрополата. За сите минувачи ветуваат гратис гушкање во неограничени количини, но и огромно пакетче љубов со изненадувања за секого. Подароци со најубави желби и голема пињата со бомбони за најмалите, спакувани се и чекаат да бидат одвиткани за слатко испраќање на старата, и весел дочек на новата година. На убавата празнична дружба ќе бидат и пријателите од ,,Лице в Лице‘, со најновиот број на магазинот и новогодишни честитки кои можете да ги купите и испратите радост некому.

2

Најубавите подароци не се наоѓаат ниту во продавницата, ниту под елката. Тие се во срцето.
Повелете на пакетче љубов!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевен фетиш | Високи потпетици
Следна објаваПеро Антиќ и Атланта Хоукс ви посакуваат среќни празници
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР