Премиерата на новата верзија на драмата што пред 22 години во режија на покојниот Димитар Станковски соборуваше рекорди на гледаност е најавена за 27 декември. Режијата на возобновената поставка е на Љупчо Ѓоргиевски, а во претставата ќе играат: Анастас Тановски, Благој Чоревски, Лазе Манасковски, Ванчо Петрушевски, Ленче Делова, Силвија Стојановска, Марија Кондовска, Ѓокоца Лукаревски, Ѓорѓи Тодоровски, Душица Стојановска.
Повторното поставување на „Чија си“ е во рамките на генералната стратегија на Драмскиот театар да ги оживее некогашните репертоарски хитови. Во рамките на тие заложби во 2011 година беше поставена и „Грев или шприцер“ на Насев, во режија на Дејан Дамјановски, а годинава повторно заживеа и хит-претставата „Солунски патрдии“.
– Овие репертоарски хитови живееја многу долго. Старата поставка на „Чија си“ имаше дури 183 изведби кога беше симната од репертоарот во 1994 година. Возобновената „Солунски патрдии“ на Миле Попов, во режија на Коле Ангеловски, своевремено се играше неколку децении и имаше дури 380 претстави. Се надевам дека и новите верзии на овие театарски хитови ќе имаат таков долг живот – вели директорот на Драмски театар Роберт Велјановски.
Пред неколку години беше најавено и возобновување на претставите „Рибарски караници“ од Голдони и „Болва во уво“ од Жорж Фејдо, кои беа апсолутни хитови на Драмскиот театар од 1970-тите и 1980-тите години. Според сегашното раководство на Драмски, се прават заложби за заживување и на овие претстави, но сѐ уште не се знае кога ќе ги видиме на сцена.
Претставите ќе се закажани за 26.12.2013 (Претпремиера), 27.12.2013 (ПРЕМИЕРА) и на 28.12.2013.
Наслов на претставата |
Чија си | |
Автор: |
Сашко Насев | |
Режија: |
Љупчо Ѓоргиевски | |
Сценографија: |
Валентин Светозарев | |
Костимографија: |
Благоја Мицевски | |
Музика: |
Маријан Нечак | |
Улоги: |
Анастас Тановски, Благој Чоревски, Лазе Манасковски, Ванчо Иван Петрушевски, Силвија Стојановска, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ѓорѓи Тодоровски, Душица Стојановска, | |
КГ: |
Ленче Делова | |
Инспициент: |
Гоце Бојчев | |
Суфлер: |
Жаклина Цветковска |
Сајтот Дивиан Артс е еден од медиумските партнери на “Драмски Театар Скопје”.