Чудни се обичаите ширум светот  кои луѓето ги практикуваат за да ја прослават Новата Година. Така на пример во Шпанија, специјална и многу интересна традиција е да се изедат дванаесет зрна грозје во последните дванаесет секунди од годината што си заминува.

Во цела Шпанија, луѓето ја слават Новата Година во семејна атмосфера, залепени за телевизиските екрани, чекајќи ја познатата камабанрија – часовник, да оддекне дванаесет пати. За оние прибирливите, во продажба се пуштени лимени конзерви со точно дванаесет зрна грозје, на кои им се отстранети семките и лушпата.

Но, од каде доаѓа овој обичај?

На ова прашање, Каталонците низ смеа ќе ви раскажат дека всушност се работи за мудра идеја на еден производител на грозје. Приказната раскажува дека во 1909 година, во шпанската провинција Аликанте се случило да има големи залихи на непродадено трпезно грозје. Во паника дека истото ќе изгние и ќе се фрли, еден производител ја промовирал идејата дека изедените дванаесет зрна во последните дванаесет секунди од 31 Декември, носат среќа и бериќет во наредната година.

Ние не знаеме дали е тоа вистина, но пробајте…. забавно е!


Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Плакарот”
Следна објаваПрекрасен свет
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР