Lebkuchen_by_NovemberKind

Lebkuchen” е вистинското име на традиционалните германски, божиќни колачиња полни со мед.

Тие биле измислени од страна на средновековните калуѓери, во 13 век, во Германија. Се зборува дека царот Фридрих III во 1487 година, ги повикал децата од својот град во седиштето на германскиот парламент и им поделил вакви колачиња на кои бил втиснат неговиот лик.

Денес овие колачиња се многу популарни бидејќи имаат специфичен вкус (кој варира од луто до многу слатко), но и по нивните пакувања. Имено, тие можат да се најдат спакувани во богато украсени лимени кантички и разнобојни картонски обвивки кои се мета на колекционерите во светот.

gingerbread_by_jette2010-d4ioikm

Традиционалната форма на овие колачиња  тркалезна (со дијаметар од дури 10 см), но може да се сретнат и во многу позабавни облици како: срциња, куќички, вештерки, мали човечиња и сл.

Во сотојките влегуваат: мед, анасон, коријандер, каранфилче, ѓумбир,ореви и др.

Lebkuchen_by_DerHexenmeister

“Lebkuchen” колачите се обично меки, но често се произведуваат со поцврст состав па врз нив се исцртуваат различни шари со помош на шлаг.

Од 1996 година “Nürnberger Lebkuchen” се заштитени со ознака за потекло и мора да се произведуваат само во рамките на градoт.

merry_christmas_2010_by_anbusasuke-d35bxfo

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваThe Sartorialist
Следна објаваЛанасутра
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР