Се ближи Божиќ и DivianArts Ви нуди креативно искористување на кутиите од сладолед. Со оваа идеја може да го разубавите Вашиот дом или да изненадите некое дете со оригинален подарок – Дедо Мраз.
Потребно:
- кутија од сладолед;
- бел и картон со боја на кожа;
- парче син и црн материјал (да се направат очи);
- капа за Дедо Мраз;
- лепак;
- ножици;
- линиар;
- шминка.
Започнете со залепување на капата на кутијата. Потоа го сечете белиот и картонот со боја на кожа во форма како што е покажано во видеото. Ги правите очите на Дедо Мраз и го обликувате неговото лице лепејќи ги картоните еден за друг. Со шминка ќе ја нацртате устата и ќе ги зарумените образите за да добиете оригинален изглед на Дедо Мраз.