Понекогаш, со цел да се создаде – мора да се уништи. Ова е концептот на ‘The Doberman Variations’, книга со фотографии на Oona Lurås Wiggan кои ја документираат работата на музичарите од Roadside Picnic. Четири различни настани низ Норвешка во теков на 2013 година се тема на оваа книга, која е исполнета со потресни црно-бели композиции преку енергичната истрага за поврзување на четирите теми.
Ако класичната намена на една книга е читање со задоволство и уредно сместување на полица, овој пример Ви нуди да направите нешто апсолутно различно: да ја уништите, со кинење на нејзините страници, за да создадете нешто ново, целосно и прекрасно. Мозаик на хартија, лозинка која содржи линк за симнување на видео и аудио-снимки ќе биде Вашата финална дестинација.