,,Грев или шприцер’’ е претстава во изведба на Драмски театар – Скопје, работена по драмскиот текст на авторот Сашко Насев. Култната драма претставува една од најуспешните претстави во историјата на оваа театарска куќа, за првпат одиграна на сцената во ’90-тите. Две децении подоцна, како режисер на нејзината втора постановка се потпишува Деан Дамјановски.

,,Грев или шприцер’’ е драма за страста и неправдата, за гревот и за обичните луѓе, за љубовта и за брзината со која одминува животот. Тоа е една обична приказна со своја судбина што започнала на денот на страшниот скопски земјотрес во 1963 година и траела следните осумнаесет години. Таа приказна можела да стане „приказната“ на секој од нас. Секој од нас можел да биде виновен без вина исто онолку колку што се виновни Крсто, Цвета, Беба, Џанго, Миле и сите други ликови што ѕиркаат од темницата на оваа стара драма. Таквите драми, најчесто се драми за нас, обичните луѓе и се случуваат насекаде околу, а постојат со цел да не забавуваат и да не научат да бидеме подобри луѓе. – Сашко Насев

02 (2)

Во претставата играат: Драган Спасов – Дац (Крсто Шприцер), Билјана Беличанец – Алексиќ (Цвета), Зоран Љутков (Миле Поштарот), Јана и Ана Стојановски (Беба), Мартин Јордановски (Тони Џанго), Сашо Тасевски (Јоцо Бугар), Маја Вељковиќ-Пановска (Мими), Роверт Вељановски (Перо тренерот) и Билјана Драгичевиќ – Пројковска (Управничката).

Костимите ги изработи Билјана Каран, сценографијата е на Филип Јовановски, а автор на музиката е Венко Серфимов.

Претставата ,,Грев или шприцер’’ имате можност да ја погледете вечерва со почеток во 20 часот на сцената на Драмски театар – Скопје.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВесела викендичка за убави мигови
Следна објаваУметноста на кафето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ