Поголемиот број од луѓето се будат заспани. Се раѓаат заспани, живеат заспани, се женат и се мажат заспани, ги одгледуваат децата заспани, умираат заспани, никогаш не будејќи се вистински. Никогаш не успеваат да ја разберат убавината и чудесноста на тоа што го нарекуваме човечка егзистенција.
Сите мистичари на светов, без оглед на нивната религија или филозофија, се согласуваат во едно: дека се е добро, се е добро.

Дури и ако царува хаос, се е добро. Тоа е, се разбира, парадокс.
Сепак, поголемиот дел од луѓето никогаш не успеваат да разберат дека се е добро затоа што се потонати во сон. Живеат во кошмар.
Еден човек тропна на вратата од собата на својот син.
,,Чарли” , вика, ,,разбуди се!” ,,Не сакам да станам, тато” му одговори Чарли. Таткото вика: ,,Станувај, мораш да одиш на училиште” ,,Не сакам да одам на училиште”, вели Чарли. Таткото го прашува: ,,А зошто не сакаш?” ,,Поради три причини”, вели Чарли. ,,Како прво, на училиште ми е здодевно, второ учениците ми се потсмеваат, а трето го мразам училиштето”. Таткото му одговара: ,,Добро сега јас ќе ти кажам три причини поради кои мораш да одиш на училиште: прво тоа е твоја должност, второ затоа што имаш четириесет и пет години, а трето затоа што си директор”.
Разбудете се! Возрасни сте. Не сте веќе мали за да спиете. Разбудете се! Престанете да се забавувате со своите играчки.

Антони де Мело

1 коментар