Со својата возвишена убавина, Тоскана важи за најубавото нешто што може да се искуси во магичната Италија. Природна раскош и пејзажи како пресликани од разгледница, старовековни градби кои сведочат за богатата историска традиција, импресивно културно наследство кое потсетува дека некогаш била лулка на уметноста. Овој чудесен регион е често опеван и насликуван, за него се испишани безброј стихови, нацртани многу ликовни дела и создадени мноштво фотографски и видео композиции, но едно е сигурно: неговата вистинска магија е нешто што единствено може да се доживее и искуси со сетилата. Еден таков обид, за автентичен приказ на ритамот во кој пулсира Тоскана е видео проектот на Gunther Machu – кус шестминутен филм кој порачува: Слушнете го срцето на Тоскана! (,,Listen to the heart of Tuscany’’). Снимен е во период од 14 дена, во кои авторот од макро перспектива ги има документирано малите сцени од животот во Тоскана. Без никаква музичка подлога, оставајќи ги само природните звуци да ја пренесат фантастичната атмосфера, овозможува ретко пријатно и смирувачко искуство, кое е празник и за очите, и за ушите. Почувствувајте ја магијата!

02

03

04

СПОДЕЛИ
Претходна објаваM.I.A дизајнира за Versus Versace
Следна објаваПрекрасна рустична куќичка
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР