Многу нешта во овој прекрасен шпански ентериер го промовираат творечкиот процес: пријатната дневна соба со библиотека и камин, високите тавани со галерија на второ ниво, грстот светлина од огромните прозорци и топлите бои во дизајнот на секој простор. Не е изненадување, бидејќи сопственичката на овој чудесен дом е уметницата Margarita Freixas, чија љубов кон сликарството хармонично ја надополнува уметноста на животот, во куќата која освојува со својата посебност и убавина. Ова е нејзиниот втор дом, катчето во кое ги минува слободните мигови во спокој и пријатна атмосфера, а во исто време претставува и студио каде што се создадени многу од нејзините дела. Имотот се наоѓа во близина на Барселона и е историско наследство, па затоа при неговото реновирање и реставрација задржана е основната структура и сочувана е автентичноста на првичниот изглед. Покрај инспиративната внатрешност, домот на уметницата восхитува и со кокетната тераса, пријатната веранда и градината со катчиња за седење опкружени со зеленило.
Во чудесниот дом на една уметница
Куќа која воодушевува со автентичната градба и бројните изненадувања во ентериерот.