Мартин Стојановски, фотограф, член на Скопското астрономско друштво и дел од изложбата In Space, која се одржа на 4-ти октомври. Вљубеник во непознатото, авантурист по природа и воодушевен од мистичноста и убавината на Универзумот, создава уникатни фотографии од небесни дела со цел да ја доближи вселената до сите нас. Пред официјалносто отворање на изложбата, Мартин одржа и мало предавање на тема „Колку е голем Универзумот?“. Истражувач и уметник, две во едно – со доза филозофска нота, неговите фотографии говорат за мистичноста и длабочината на еден неистражен фотографски простор кој специјално за Вас, Мартин го споделува со DivianArts.

Gitarista

1. Од каде потекнува љубовта кон фотографијата и зошто баш астрофотографија?

Љубовта кон фотографијата ја развив токму преку астрофотографијата. Можеби звучи малку чудно, и веројатно сум еден од ретките личности на планетава што започнал по навидум „обратен“ редослед. Ми се укажа шанса заедно со членовите на Скопското астрономско друштво да присуствувам на целосно затемнување на Сонцето, кое го гледавме од Турција. Таму за прв пат имав некој подобар фотоапарат во рака, иако беше SLR, сепак спектакуларноста на настанот и одговорноста да сликам еден настан, кој од почеток до крај траеше помалку од 4 мин, за кои требаше да направам 36 фотографии со различни експозиции и бленди едноставно ми кажа, еј ова нешто е токму ко за тебе. Уживаш во прекрасните небесни појави, си некаде надвор во природа, а од друга страна тоа што ти го доживуваш им го пренесуваш на луѓето преку фотографија. Добар склоп за човек зависник од авантури. Дури по неколку години занимавање со астрофотографијата почнав да ги практикувам и другите типови на фотографија.

2. Која е мотивацијата за постојано истражување и доловување на сцени од вселената?

Авантурист сум по природа. Ја сакам природата, а ноќта и ѕвезденото небо се нешто кое секогаш ве прави да талкате некаде, макар и што тоа физички не го правите. Уметноста што ја има во Вселената „нацртана“ преку најразновидните маглини, галаксии, ѕвездени јата дури и најдобрите сликари не можат да ја доловат, а се тоа е таму и ни е на дофат со фотоапаратот. За мене тоа претставува бегање од сите секојдневни шеми и активности и ми остава една мирна атмосфера во која преку фотоапаратот јас ја истражувам вселената и природата.

Zatemnuvanje na Sonceto final

3. На 4-ти октомври, по повод светската недела на астрономијата, беше одржана изложба In Space, во која и вие зедовте учество. Која беше целта на изложбата?

Целта на таа изложба беше првично да ги доближиме убавините на вселената на граѓаните на Македонија. За жал кај нас нема многу шанса да погледнете некои вакви фотографии многу често, дури и ако ги видите тоа е случајно и потекнуваат од некои познати светски опсерватории. Астрофотографијата кај нас е сеуште баук, и многу од луѓето не ни знаат дека со малку труд дури и тие самите можат да направат некоја таква фотографија. Затоа и сакавме да покажеме, заедно со моите колеги, колку може небото/вселената да се спектакуларни и убави, а сето тоа да е направено во еден сплот на човекот заедно со објектите што се над нашите глави.

4. Каков feedback добивте од изложбата?

Да не бидам скромен, ама изложбата помина многу подобро од очекувањата. Имаше доста голема посетеност и прашања за техниките на фотографирање и како се тоа е добиено. Премногу луѓе беа вчудоневидени дека тоа сме го фотографирале ние и не е подложено на некои дигитални манипулации. Кога ќе му кажеш на некој дека си претстојувал надвор на -32 степени Целзиусови 5 часа за да направиш една фотографија коментарите се само WooooW.

Nad oblacite

Treacherous  landscape

5. Дали постои одредена фотографија, на која сте особено горди?

Морам да наведам тука 2 фотографии, иако има многу повеќе кои ми лежат при срце. Едната од нив е фотографијата која излезе во изданието на National Geographic од јуни 2012 на која се гледа залезот на Сонцето а пред него се поставени далеководи за пренос на електрична енергија. А другата е “Aurora Planet” – бар како што јас си ја нарекувам која е направена при моето патување во Финска да ја сликам аурората. Тоа е 360 степени фотографија на целото ноќно небо, заедно со аурората и околниот пејсаж, подоцна само превиткана за да се добие ефектот на планета. За да се добие таа фотка се направени 26 поединечни фотографии од по 30 секунди и бараше навистина добра подготовка, реализација и подоцна обработка за сето тоа да изгледа како што е. Се разбира тука има уште многу астрофотографии како и пејсажни фотографии кои навистина ми се драги.

Sun - electric lines

Sun – electric lines

Stitched Panorama

Aurora Planet

6. За крај, колку е голем Универзумот?

Сеуште за ова прашање и научниците немаат концизен одговор. Сепак можам да кажам колку ние познаваме од Универзумот, а тоа е до каде во минатото имаме погледнато преку телескопите. Знаеме дека Универзумот е стар 13.8 милијарди години, а преку набљудувања со телескопите сме успеале да допреме до 300 000 години после Големиот Прскот (Big Beng), се претходно е само лабораториски докажано или уште се базира на теорија. Се разбира Универзумот се шири во сите правци, па неговата големина е многу повеќе од 13.8 милијарди светлински години. Но за нас Универзумот бил голем колку што била голема нашата галаксија до пред само 80-тина години, или уште помал до пред 400-500 години. Едноставно како напредува науката и нашето знаење за вселената така и можеме со се поголема точност да кажеме како за големината на Универзумот, така и за сите појави кои се случуваат во Вселената.

M17-Lebed maglina

Stitched Panorama

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСмели девојки | Mandy Tsung
Следна објаваБудење на детето во Вас | Светулки
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР