Весна Петрушевска, Тони Зен, Јелена Јованова, Тања Кокев, Винка Саздова, Магдалена Ѓоргиева и Трајче Стојанов се главните протагонисти во новиот документарен филм “СТРАВОТ” кој ќе ја доживее својата премиера во среда, 16-ти Октомври во скопското кино Синеплекс. По тој повод разговараме со Коста Петров, најпродаваниот македонски автор оваа година но, и главен продуцент на филмот.

Коста, неколку дена не делат од премиерата на Стравот. Од каде идејата да го направите овој филм?

Пред неколку месеци во Скопје организирав работилница на тема стравот. На таа работилница сретнав луѓе кои денес се моите најдобри пријатели. Заедно одлучивме дека животот во страв не е животот кој треба ние да го живееме и мораме да направиме се што е во наша моќ, да го уништиме нашиот најголем непријател. Разговарајќи на оваа тема и дискутирајќи ги промените кои сите ние ги доживеавме после работилницата решивме дека наша одговорност е да ги споделиме нашите приказни со другите и заедно да креираме армија која не само што ќе се бори против стравот, туку и ќе го победи. Филмот имав чест да го гледам пред неколку дена и немам зборови да го опишам чувството кога вашата визија станува реалност. Навистина е моќен.

Седум приказни,  а еден непријател. Како успеавте да ги натерате нашите јавни личности да проговорат за интимна тема каква што е стравот?

 Немаше потреба од никакво преговарање.  Одговорност на секоја јавна личност е да го сподели своето животно искуство. Не е нивна работа само да не забавуваат туку и да не инспирираат.Имаме седум феноменални говорници и седум приказни кои нема да остават никого рамнодушен. Секој ќе се пронајде во нив.

Гледајќи го филмот, која приказна би ја одвоиле како омилена и најмоќна?

Хм, секоја приказна има своја тежина и е посебна. Моќно е да се слуша Тони Зен како зборува за стравот од немање пари и генерално за животот во кој стравот ги диктира правилата. Јелена Јованова, една од најпознатите наши глумици која во моментов е најактуелна глумица во Хрватска, зборува за стравот од неуспех.  Винка Саздова го опишува нејзиниот страв од смртта. Сите приказни се моќни. Е сега, ако ме прашаш која приказна најмногу ме потресе тоа е дефинитивно приказната на Весна Петрушевска.  Не верувам дека некој ја има видено Весна во ова издание.

Во какво издание?

Не би сакал да откривам многу детали но само ќе кажам дека тоа Весна што го  направи не верувам дека некој друг би го направил. Буквално се соголи пред гледачите и ги откри нејзините најголеми стравови и една ситуација која и ден денес кога го гледам филмот ме потресува на начин кој не можам да го опишам. Тие што ќе го гледаат филмот ќе сфатат за што зборувам.

Во филмот исто така гостуваат и Трајче Стојанов и Магдалена Ѓоргиева. Ликови кои не се познати на нашата јавност, но вие велите ги имаат можеби најмоќните приказни во филмот.

Трајче и Меги беа дел од работилницата која ја организирав во Јуни. Нивните приказни се доказ дека во животот се е можно, дека не постојат граници. Не е важно од каде доаѓаме или што ќе ни кажат докторите. Многу е поважно во што ние веруваме и што сакаме да направиме со нашите животи. Трајче и Меги се доказ дека постои излез од оваа сива реалност. Нема да биде лесно, но излез постои.

Се гледаме на врвот е најпродаваната македонска книга оваа година, а и вашата нова книга “Стравот” според Издавачкиот Центар ТРИ беше најпродавана во месец септември. Кои ви се плановите по промоцијата на филмот?

Се е како што треба да биде. Битката е започната. Луѓето се будат. Започнува нова ера.


Картите за премиерата на Стравот се веќе пуштени во продажба и можат да се купат на благајната на кино Синеплекс во Скопје Сити Мол. За резервација на истите посетете ја веб страната на Синеплекс.

Дивиан Артс доделува карти за промоцијата на филмот “Стравот” на Коста Петров. Во коментар подолу пишете ни што за вас претставува стравот, а ние ќе го наградиме оној со најмногу „лајкови“ со две гратис влезници.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPull & Bear | есен/зима ’13/’14
Следна објаваVans & Liberty of London | Патики за оваа есен
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР