Второто издание на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“ кое ќе се одржи од 10 до 12 октомври ќе го одбележат низа ексклузивни настапи на македонски дизајнери, иноватори и креативци.

Водејќи се од годинешното мото кое гласи: „Погледни подалеку…“, програмата на второто издание на фестивалот нуди програма на уникатни дизајнерски решенија, иновации и креативни производи и услуги.

На свеченото отворањена 10 октомври, во Универзална сала, ќе биде промовиран производот на проект-платформата за развој на креативните индустрии: ПРВАТА МАКЕДОНСКА КОМПЈУТЕРСКА ИГРА, изработена во Flash со комбинација од 2д и 3д графика. На неа работеа млади компјутерски дизајнери и тоа: графичкиот дизајн и анимациите се на Елена Попова,програмирањето Сандра Николоска, а музиката е дело на Дуња Иванова.

Исто така, за прв пат само на „Скопје креатива“, ќе биде презентиран најновиот дизајн „Замрзнувачко шише“, иновација на Зоран Мијаков од Фригомонт, дизајн на огледала од вулкански масиви во изведба на компанијата „Гоговски“, уникатни парчиња дизајнерски мебел на две македонски компании „Смарт ливинг“ и креативното студио „БТС Арт фактори“, нови дизајни на „Велосипеди по мерка“ на компанијата „Драгон Кастм“ како и креативни производи на уметникот Зоран Тошевски и скулпторот Александар Ефтимовски.

Покрај нив, фестивалот ќе одржи и бројни креативни работилници и тоа за: анимиран филм, рециклиран дизајн, сликарство, работилница за млади диџеи, скејт работилница, како и работилница за дизајн на велосипеди, а во рамките на фестивалот ќе се изработува и нов македонски кириличен фонд, како дел од работилницата за типографија.

Сите работилници во трите дена ќе создаваат производи, конкурентни на пазарот и истите ќе бидат презентирани на 12 октомври во 22 часот.

Последниот фестивалски ден, 12 октомври е резервиран за БАЗАРОТ, во соработка со МАТА, на кој ќе настапат македонски креативци-индивидуалци кои ќе презентираат рачно изработени дизајнирани уникати кои македонската публика ќе може да ги консумира.

Ве покануваме заедно со нас да ја славиме креативноста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПостелнина за принцези
Следна објаваМоден тренд | Мопс принт
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР