Како дел од осмото издание на Моден Викенд Скопје организаторите најавуваат бизнис проект кој ќе вклучува предавање од светски признатиот Мартин Робертс, професионалец со долгогодишно искуство во модната индустрија. Проектот е организиран во соработка со Британски совет во Македонија и претставува еден вид континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија. Проектот е поделен во два дела:

  • Предавање на тема “Моден Бизнис и Промоција” (за кое сите заинтересирани можат да се регистрираат со испраќање е-маил на goran@fashionweekendskopje.mk);
  • Лични професионални консултации за кои е објавен конкурс. Настанот ќе се одржи во среда, 23. октомври 2013.

Мартин Робертс е ко-основач и директор на Fashon Scout London и Graduate Fashion Week. Неговото богато искуство во модниот бизнис вбројува менаџирање и односи со јавност за етаблирани и престижни брендови меѓу кои Boudicca, Basso&Brooke, за дизајнерот на накит Lara Bohnic (Cartier, Gucci, Lanvin), брендовите Casio и BT Cellnet. Тој стои и зад обезбедувањето спонзорства за голем број дизајнери, вклучувајќи го и Chrostopher Kane. Во 2006. година, Робертс е ко-основач на Fashion Scout London кој е дел од најголемиот независен моден настан- Модна Недела Лондон и има одржано над 160 шоуа за промовирање на изборот за најдобри иновативни дизајнери, вклучувајќи ги David Koma, William Tempest, Peter Pilotto, Felder Felder и Jean-Pierre Braganza. Овогодинешното февруарско издание го посетија над 10.000 медиуми, купувачи и ВИП гости, што резултираше со значително медиумско покривање и покачување на продажбата на модните дизајнери.

КОНКУРС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ КОНСУЛТАЦИИ СО МАРТИН РОБЕРТС

Моден Викенд Скопје во соработка со Британски совет во Македонија, објавува отворен повик за професионални консултации со господинот Мартин Робертс, ко-основач и директор на Fashon Scout London и Graduate Fashion Week, кои ќе се одржат на 23.10.2013 година во Скопје. Конкурсот е наменет за студенти по моден дизајн и дизајнери кои ќе имаат извонредна можност, пред се да добијат совети за подобрување на сопствената позиција и конкурентноста на модниот пазар.За време на личната професионална консултација со господинот Робертс избраните учесници ќе можат да го презентираат своето портфолио, да прикажат примероци од досегашната работа и да добијат совет во насока на подобрување на сопствениот моден бизнис.

Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:
– Пополнет формулар, кој може да се симне на веб-страната на FWSK;
– Дизајнерско портфолио во електронска форма;
– Биографија и мотивационо писмо.

Рокот за испраќање на апликациите е од 01.10 најдоцна до 12.10.2013 година, на goran@fashionweekendskopje.mk.

За изборот на учесници кои е предвидено да бидат вкупно осум, ќе одлучува комисија составена од претставници од Моден Викенд Скопје, Британски совет во Македонија и лично Мартин Робертс.Истиот ден ќе се одржи и предавање на следните теми:

1. Претставување и информации за Fashon Scout / Graduate Fashon Week ;
2.Моден бизнис (иновативни начини за привлекување инвеститори, успешно промовирање на бренд, генерирање на продажбата)

Divianarts.com е медиуски партнер на Skopje Fashion Weekend 2013

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDress code за дами
Следна објаваШарен дом со радосна атмосфера
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР