По изненадувањето за филмските сладокусци, со колекцијата ѕидни мурали посветена на магијата на филмот, овојпат креативниот тим на Pixers е со нова мисија – на декоративен начин да ги внесе познатите музичари во домовите на сите љубители на музиката. ‘’Musicology’’ е називот на најновата колекција со потпис на дизајнерското студиo Pixers, која донесува осум оригинални ѕидни мурали со музички мотиви. Застапени се подеднакво и најпопуларните поп-ѕвезди на денешницата, како Daft Punk, Rihanna, Pink, M.I.A и Јay-Z, но и иконите на алтернативната музика, претставени од Skin, Depeche Mode и Јamiroquai. Сетот колоритни ѕидни декорации покажува дека музиката и дизајнот се нераскинлив тандем, постојано влијаејќи си меѓусебно. Комбинацијата на неонски и пастелни бои, пак, ги изразува различните емоции кои се издигнуваат додека се слуша музиката, која е една од најмоќните инспирации за секој од нас. Ѕидната уметност фасцинирана од поп – културата има за цел да им оддаде чест на овие извонредни артисти, а истовремено да покаже дека постои и многу поубава, постилизирана варијанта за тоа од класичните музички постери. Сите поп-мурали од колекцијата се со прилагодливи димензии и достапни се во широк вариетет на перманентни, или привремени материјали со висок квалитет.