Во текот на школските денови, за да ја налутиме учителката сите ние ги стававме нашите раце и лице во фотокопирот (ги фотокопиравме) и потоа ги закачувавме тие слики во училницата.
Miquel Endara го направи тоа со лицето на својот татко.
Покрај тоа , истата таа слика тој ја скицираше на еден лист хартија и сите темни делови од сликата тој ги пополни со вкупно 3,2 милиони точки. Од првата точка па се додека да го заврши цртежот на уметникот му беа потребни 210 часа. Чиста уметност!

2 КОМЕНТАРИ

  1. Драг Марко Гутиќ Мижимаков
    Што е за вас уметност?
    За тоа дека ова не е слика во право сте, погрешен е насловот и благодарам за исправката. Ова е цртеж, кој според мене е вистинска уметност. Се надевам ќе продолжите да не следите и критикувате за да не грешиме понатаму. А ако сте уметничка душа, со задоволство би соработувале со вас. Потребни ни се такви луѓе. Поздрав

  2. Драг Петар Решов
    Иако не сакам да го обезвреднувам трудот кој што е уложен во создавањето на еден ваков поинтилистички цртеж (не слика), морам да приметам дека со зборот „премногу“ лесно (како и многу други денес) се размавтувате.
    За цртежот како таков не може да се каже дека има некоја посебна уметничка вредност поради повеќе причини но веројатно најсилната е бидејќи е преслика која што од приложеното видео не е ставена во уметнички контекст.
    Би било убаво кога некој што пишува рецензии би направил еден мал таканаречен “background check” а да не зборуваме за “cross referencing” .
    Се додека се зборовите како што се уметност,уметник,арт (кој што денес премногу се употребува како еуфемизам за уметност, апсурдно нели?) се користат така шламперајски, луѓето кои што навистина заслужуваат „кредит“ ќе бидат занемарени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР