Самотијата е раскош на богатите духови.

Фантазијата е поважна од знаењето.

Глупоста е најнеобична од сите болести- од неа не пати болниот, туку сите останати.

Ако се случи нешто лошо, пиеш за да заборавиш; ако се случи нешто убаво, пиеш за да прославиш; а ако не се случува ништо, пиеш за нешто да се случи.

Интересот ги зборува сите јазици и ги игра с сите улоги, дури и улогата на незаинтересираниот.

Оној што долго одлагал, всушност не сакал.

Човекот со голем дух се однесува со умереност во добрата, како и во лошата среќа; тој никогаш нема да се покаже ниту депримиран, ниту егзалтиран; него нема да го возгордее успехот, ниту да го обесхрабри неуспехот; тој нема да бара пофалби за себе, ниту покуда за други.

Ако не извлекуваш поуки од минатите грешки, ќе бидеш осуден да ги повторуваш.

При повторена грешка цената што ќе ја платиш е двојна.

Ако останеш во долината, никогаш нема да ја освоиш планината. Стреми се кон големи походи!

За жал шансите многу појасно се гледаат кога заминуваат, отколку кога се појавуваат.

Тој што фрла со кал по другите, можеби и ќе ја погоди целта, но сигурно ќе си ги извалка рацете.

Ако сакаш да леташ како орел не треба да се дружиш со кокошки.

Соништата им се остваруваат само на оние, кои, додека сонуваат работат! Сонувај слатко!

Колку и да ги гушкаш парите, тие нема да те гушнат тебе.

Голем број од нашите незадоволства се јавуваат затоа што се споредуваме со некого.

Твојот вистински карактер се гледа кога никој не те гледа!

Најсреќен ќе бидеш кога ќе направиш некој да се чувствува среќен.

Љубовта е како шумско цвеќе: понекогаш ќе ја најдеш на необично место.

Кој сака да направи нешто бара начини, а кој не сака бара причини.

Кога најмногу ти се брза биди најбавен – Јапонска поговорка

Неуспехот е само можност да почнеш одново, овој пат помудро.

Ако можеш да гледаш на минатото без жал, а на иднината без страв тогаш се наоѓаш на вистинскиот пат.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР