Во чудесната Тоскана, секогаш инспиративна и привлечна со раскошната убавина и идиличните пејзажи како од разгледница, една несекојдневно убава вила го краде вниманието. ,,Campo dellAmato” се наоѓа на одлична локација и целосно ја доловува магијата на живописниот италијански регион, со прекрасни глетки кои никого не го оставаат рамнодушен. Вилата е автентична стара градба, со голем разеленет и расцутен двор, со пријатни катчиња за оддишка и уживање во релаксирачките звуци и природните убавини на Тоскана. Внатре, пак, прегрнува топол, нежен и романтичен амбиент, со ентериер во традиционален тоскански стил, уреден со мноштво рустикални мотиви и дрвени допири. Со комбинација на топли нијанси на црвена боја и неутрални тонови, суптилни  материјали, луксузен мебел и детали кои креираат бајковита атмосфера, низ целата вила е се испреплетуваат  минатото и сегашноста на древната италијанска провинција, особено во старинската кујна која е срце на вилата. А, кога на сето тоа ќе се додаде пространиот базен во градината, опколен со миризливи рози и лаванди, јасно е дека секој миг поминат во овој идиличен рај е вистинско уживање.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазлични форми со исти внатрешни духови
Следна објаваЕсенската машка колекција од H&M
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ